Што се случува со Германија? Панцирите во катастрофална резултатска низа

Светските шампиони од 2014 година, Германците, одамна не изгледаа толку лошо на теренот.
И покрај тоа што на Мундијалот во Русија дојдоа како можеби први фаворити, тие отпаднаа во групната фаза, а нивниот кошмар продолжува и по Светското првенство.
Во Лигата на нациите тие освоиа само една бод од три натпревари, а вечерва тие претрпеа нов пораз во Париз од Франција (2:1).
Ако ги гледаме последните четири натпревари на Германија, тогаш ќе видиме дека запишале само едно реми и три порази. Јужна Кореја, Холандија и Франција го совладаа Панцирите, а единствениот бод беше извлечен на домашен терен против Триколорите минатиот месец.
Ако продолжиме понатаму, тогаш ќе видиме дека Германците запишаа уште шест загуби во последните 10 натпревари, што секако е една од најлошите серии во историјата на овој репрезентативен тим.



