SportM
Фудбал

Што се случува со Пјатек? Лоша сезона. Сега дури и „Сан Сиро“ не простува

Д М24 ное 2019
Што се случува со Пјатек? Лоша сезона. Сега дури и „Сан Сиро“ не простува

Само 3 постигнати гола, од кои 2 беа од пенал и 1 во игра! Одиграни 13 натпревари и просечно по 1 гол на секои 4 натпревари! Каде заврши Пјатек, или како што го нарече Гатузо „робокоп“, односно Криштоф Пјатек?! Напаѓачот е во криза. Она што е забележливо е дека не само што тој повеќе не го гледа противничкиот голман за разлика од минатата сезона, туку и топките веќе не може да ги задржи, прави додавањата, има потешкотии да се бори и ја губи топката при првиот контакт со противникот.

За прв пат од пристигнувањето минатата сезона, во јануари, Пиатек беше претставен на јавност на „Сан Сиро“, на натпреварот против Наполи. Наполи е екипата против која Пјатек го направи своето деби на „Сан Сиро“ во Купот на Италија и постигна два фантастични гола.

Во италијанското првенство минатата сезона имаше постигнато 10 гола! Во меѓувреме, тренерот на Милан, Стефано Пиоли продолжува да биде на страната на Пјатек.

„Тој работеше напорно и играше за тимот. Тој мора да направи уште еден последен обид да го пронајде голот и јас сум убеден дека тоа ќе го направи“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.