SportM
Фудбал

Швеѓанките ја растажија Австралија

Д М19 авг 2023
Швеѓанките ја растажија Австралија

Женската репрезентација на Шведска го освои третото место на Светското првенство за жени во Австралија.

Во дуелот за бронза, Скандинавките беа подобри од Австралијките. Тие славеа со резултат 2:0 на дуелот кој се одигра во Бризбејн.

Швеѓаните поведоа во 30. минута. Фридолина Ролфо реализираше пенал.

Конечниот резултат го постави Косоваре Аслани на додавање на Стина Блекстениус во 62. минута. Шведска генерално беше подобриот противник во двете полувремиња и сосема заслужено стигна до бронзата.

Во големото финале в недела од 12 часот ќе се сретнат Шпанија и Англија на Олимпискиот стадион во Сиднеј.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.