SportM
Фудбал

Си играше со оган: Асенсио со видеото ги налути челниците на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Д М19 мар 2020
Си играше со оган: Асенсио со видеото ги налути челниците на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид немаат мир во карантин. Прв кој претера е Лука Јовиќ, со неговото бегство за Белград, а сега во Реал се лути поради непромислениот потег на Марко Асенсио.

Асенсио сè уште не се опорави целосно од тешката повреда на лигаментите, но реши да им постави нов предизвик на своите пријатели.

Талентираниот офанзивен играч објави видео како во дворот на неговиот дом, првин жонглира со топката а потоа преку базенот ја шутира во ѕид и прави прием на топката, со цел да не падне во водата.

Во медицинскиот тим на Реал кога го видоа ова видео и го нарекоа потегот на Асенсио, невнимателен. Првенствено затоа што тој е на влажен бетон во копачки и ризикувал да се лизне и повторно да го повреди коленото.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.