Connect with us

Фудбал

“Сигурен сум дека Мурињо ќе се врати во Реал Мадрид”

Фудбалерите на Реал Мадрид денес играат големо дерби против Барселона во 10. коло од шпанската Ла Лига.

„Кралскиот клуб“ е во голема криза, бидејки не четери натпревари не знаат за победа во домашниот шампионат. Тренерот на „Кралскиот клуб“, Јулен Лопетеги, се надева дека неговиот тим може да излезе од оваа криза, а јасно е дека во случај на победа на Камп Ноу веројатно ќе ја спаси својата работа.

Сепак, поранешниот претседател на клубот Рамон Калдерон, во изјава за „Скај Спорт“ кажа дека не верува дека Лопетеги уште долго ќе остане тренер на Реал Мадрид. Исто така, тој додаде дека е сигурен дека Флорентино Перез сака да се врати Жозе Мурињо во Мадрид и ќе стори сé за тоа да се случи.

“Мурињо е единствениот тренер кој Перез навистина го почитуваат. Сигурен сум дека тој ќе се врати еден ден во Реал Мадрид. Ако Перез останува претседател на клубот, а се чини дека уште долго ќе биде, тогаш сигурен сум дека Мурињо повторно ќе го води Реал” Рече Калдерон.