Connect with us

Фудбал

Симеоне остана без зборови синоќа поради еден играч на Барселона, а тоа не беше Меси

Објавено:

Барселона и Атлетико Мадрид одиграа 2:2 во натпревар со многу сомнителни судиски решенија. Домашната екипа се оддалечи од титулата, а гостите се доближија до ЛШ.

Еден од играчите на Барселона го остави Диего Симеоне без зборови по натпреварот. Не беше Лионел Меси, туку Антоан Гризман.

Гриезман пристигна во Барселона минатото лето за 120 милиони евра по активирањето на клаузулата, а синоќа тој служеше како замена во 90-та минута.

„Немам зборови“, кратко изјави Симеоне за „Мовистар“, кога беше запрашан за да ја коментира за состојбата на Гриезман.

Францускиот напаѓач има постигнато 14 гола во сите натпреварувања оваа сезона, но со Кике Симеоне тој е целосно надвор од игра. Последен пат како стрелец беше во февруари кога тој постигна гол против Наполи во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама