SportM
Фудбал

Симеоне: Секогаш може да биде полошо

Д М2 ное 2022
Симеоне: Секогаш може да биде полошо

Борбата на Атлетико Мадрид оваа сезона беше „крунисана“ со испаѓање од Лигата на шампионите. Јорганџиите во последното коло остана без пласман во Лига Европа.

„Секогаш може да биде полошо. Треба да се погрижиме да разбереме каде сме и како можеме да се опоравиме. Единствениот излез е да останеме обединети, заедно. Сите во клубот, и играчите и управата. Мораме да останеме обединети“, изјави Диего Симеоне по елиминацијата на неговиот тим од европските натпреварувања.

„Мораме да реагираме со тоа што ќе продолжиме да работиме. Мора да разбереме дека бевме надиграни и затворени на сите натпревари во Лигата на шампионите, особено на гостински терен, не можевме да постигнеме гол. Останува да работиме за оние натпреварувања во кои се уште сме активни, во лигата и во Купот“, додаде Симеоне и заклучи дека „речиси сите беа подобри од неговиот тим“, кој „е таму каде што заслужуваше да биде“.

Атлетико врза пет натпревари без победа во Лигата на шампионите.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.