Connect with us

Други спортови

Синер го победи Ѓоковиќ во финалето во Шангај и му го сруши сонот за 100-та титула во кариерата (ВИДЕО)

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го оправда својот статус на светски рекет број еден и го освои Мастерсот во Шангај победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови.

Во првиот сет имаше голема борба во која и двајцата тенисери ги чуваа своите сервиси и не му дозволуваа на противникот брејк топки, а првиот сет беше решен во тај-брејк. Во 13. гем поуспешен беше Синер кој благодарение на трите мини-брејка го доби првиот сет во своја полза со резултат 7:6(4). Првите брејк топки во мечот ги видовме во четвртиот гем од вториот сет. Синер имаше две израмни, Ѓоковиќ успеа да спаси само едно и Италијанецот поведе со 3:1, а потоа и на свој сервис со 4:1. До крајот на сетот Синер го спасуваше својот сервис, не му даде ниту една можност за брејк на Ѓоковиќ и на крајот го реши мечот во своја полза со резултат 7:6(4), 6:3 по 97 минути игра. Синер, кој по 17-ти пат во кариерата го подигна победничкиот пехар на АТП турнејата, на овој начин го спречи Новак Ѓоковиќ да дојде до 100-та титула во кариерата, а несомнено е дека Србинот ќе стигне до јубилејната титула на една од следните турнири.