SportM
Фудбал

Синоним за глупост: ВАР го исклучи голманот без ни да почне натпреварот! (ВИДЕО)

Д М13 дек 2021
Синоним за глупост: ВАР го исклучи голманот без ни да почне натпреварот! (ВИДЕО)

Неверојатно исклучување, можеби најбизарното во историјата, ни доаѓа од Парагвај.

Во финалето на Суперкупот на Парагвај, Серо Портено играше против Олимпија, а остана со играч помалку иако натпреварот не ни почна.

Голманот Фернандеш доби црвен картон откако главниот судија на натпреварот со помош на ВАР технологијата ја погледна снимката и веднаш го испрати 26-годишниот играч во соблекувалната.

Бразилецот беше снимен како навредливо гестикулира кон навивачите на Олимпија и судијата без премногу размислување реши да го исклучи.

Поради овој настан, почетокот на натпреварот за кратко се одложи, тензиите се зголемија, а од трибините летаа разни предмети, што е и очекувано со оглед на вжештената страст кон фудбалската игра.

Инаку, Серо Портено го започна натпреварот со 11 играчи бидејќи им беше дозволено да внесат уште еден голман во игра, бидејќи исклучувањето се случи пред почетокот на натпреварот.

Фернандеш имаше и оправдување на крајот од мечот дека гестот што го направи е сосема нормална појава во Бразил.

„Направив гест што е нормален во Бразил. Кога почнав да оставам шише со вода покрај голот, почнаа да фрлаат по мене со разни предмети.

“Во Бразил, некои играчи ги слават головите покажувајќи го знакот што го покажав. Не знам што мислеше судијата. Тешко е да се прифати се. Тоа беше недоразбирање”, изјави Фернандеш.

За работите да бидат уште полоши, во текот на натпреварот останаа без резервен голман поради повреда на коленото, а на крајот победата ја однесе Олимпија со 3:1.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.