Синот на Диего Марадона: Десетката треба да се повлече во тимовите каде што играше татко ми

Диего Марадона почина минатата недела на 60-годишна возраст.
Секако, смртта на легендата ги погоди љубителите на фудбалот ширум светот и тоа секако е најтешко за неговото семејство, кое не може да се смири ниту во деновите по смртта на Диего.
Неговиот син Диего Марадона помладиот најде сила да даде интервју за Марка и беше видно потресен.
“Сè уште не можам да прифатам дека тој го нема. Не можам … Имаше уште многу години пред него, уште многу години уживање со своето семејство. Никогаш нема да можам да го прифатам тоа. Тој замина премногу млад”, рече Диего Jуниор и додаде:
“Ништо нема да биде како порано. Нема да биде мојот старец да зема телефон и да разговара за разни теми”.
Тој смета дека бројот 10 треба да се повлече во сите тимови во кои играше Марадона.
“Мислам дека тоа треба да се направи во сите тимови каде што играше татко ми, вклучувајќи ја и Барселона. Нема дилема”, рече Марадона.
Во некои тимови, ова дефинитивно ќе се случи. Диего ја започна својата кариера во Аргентинос јуниорс, а играше за Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њувелс Олд Бојс.
Ќе биде интересно да се види кој прв ќе го повлече дресот во негова чест.



