Сисе: Игравме против Топ 5 тим, ќе научиме од поразот
Д М5 дек 2022

Селекторот на Сенегал, Алиу Сисе, истакнува дека Англија заслужено напредувала бидејќи била подобар ривал во дуелот со неговата селекција.
Англичаните победија со 3:0 и ќе играат во четврт-финалето на Мундијалот против Франција.
„Првите 30 минути беа интересни, имавме шанса да постигнеме гол, но не успеавме. Игравме против екипа која имаше големо влијание на теренот, победи на многу дуели. Примивме два гола на крајот од полувремето кои не победија.
Играчите не се предадоа, но ние сме 18-ти на табелата, а игравме против екипа од Топ 5. Работевме со години да го подигнеме нивото на африканскиот фудбал. Мора да продолжиме понатаму за да играме на следното Светско првенство и мора да научиме од поразот“.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



