Сите мислевме дека Зијеш ќе замине во Саудиска Арабија, но тој прави изненадувачки трансфер!

Фудбалерот на Челзи, Хаким Зијеш е на прагот да си замине од тој клуб, откако јасно му беше претставено дека не е во плановите на Маурисио Покетино.
Некако изгледаше дека Хаким Зијеш ќе биде меѓу првите кои ќе заминат во Саудиска Арабија ова лето. Преговарал со Ал Наср, но, наводно, лекарските прегледи го вратиле во Лондон и со тоа останал без ангажман. Другата страна на приказната е што не успеаја да се договорат за платата, но тешко е да се поверува тоа со оглед на тоа што клубовите од Саудиска Арабија имаат неограничени ресурси на располагање.
Но, по се изгледа тој дефинитивно ќе го напушти Челзи, а негова следна дестинација ќе биде Галатасарај. И Турците продолжуваат да привлекуваат ѕвезди, а Зијеш сигурно ќе биде атракција за тамошните навивачи.
Мароканецот веќе е на пат за Истанбул, каде ќе ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе потпише за турскиот гигант.
Челзи е претпазлив со оглед на неговите претходни преговори и лошите медицински тестови.



