Сите во Јунајтед се заменливи, само Антони Марсијал е вечен?

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал сака да остане во клубот до лето и не е заинтересиран да го напушти „Олд Трафорд“ во јануарскиот преоден рок.
Како што денеска објави Скај, Марсијал ги одбил понудите од Марсеј, Фенербахче и клубови од Саудиска Арабија бидејќи сака да се избори за место во тимот на Ерик тен Хаг.
Раководството на клубот разговараше со Марсијал и неговиот менаџер, а тешко дека ќе биде активирана клаузулата за продолжување на соработката за уште една година.
Договорот на 28-годишниот француски фудбалер истекува на 30 јуни.
Како што пренесува Скај, се очекува договорот за трансферот на Џејдон Санчо од Јунајтед во Борусија Дортмунд на позајмица да биде комплетиран најдоцна за два дена.
Клубовите постигнаа договор за обештетување и плата, а тоа е договор за позајмица до крајот на сезоната, без можност за купување на играчот.



