Сити оди на тројна круна!

Фудбалерите на Манчестер Сити попладнево го освоија ФА Купот откако на Вембли го совладаа Манчестер Јунајтед со 2:1.
Одлична партија која ја одбележа уште поодличниот Илкај Гудоан со два гола и комплетна игра на средината на теренот.
Пеп не калкулираше без разлика што за една недела неговиот тим го игра финалето на Лигата на шампионите и практично беше најавениот состав, со Ортега сите на голот пред Едерсон.
На култниот стадион се одиграа само 13 секунди пред играчите во светло сина опрема да слават на корнер знамето. Маестралниот волеј на Илкај Гундоан го даде најбрзиот гол во историјата на финалето на ФА Купот.
THAT'S UNBELIEVABLE 🤯@IlkayGuendogan with an incredible volley for @ManCity, and it's the FASTER EVER #EmiratesFACup Final goal! pic.twitter.com/x95dNx9a8w
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) June 3, 2023
Во наредниот период следеше целосна доминација на Манчестер Сити, па Јунајтед го создаде првиот напад од секаков вид дури околу седмата минута. И покрај се, избраниците на Ерик тен Хаг израмнија во 33. минута кога Џек Грилиш играше со рака по дуелот со Арон ван Бисак. Бруно Фернандеш беше прецизен.
Сепак, на почетокот на вториот дел Кевин де Бруин изведува корнер, топката цела вечност патува до работ од шеснаесетникот каде ја чека секогаш спремниот Илкај Гундоан и со слична техника, со малку повеќе среќа, го проверува Де Геа за ново водство на Сити.
CAPTAIN FANTASTIC 🦸@IlkayGuendogan with another magical volley ✨#EmiratesFACup pic.twitter.com/HLCo4VpARt
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) June 3, 2023
Номиналниот домаќин доминираше до крајот на мечот, но Јунајтед имаше две одлични шанси за израмнување. Првиот го пропушти резервистот Алехандро Гарнао, додека вториот дојде по гужвата пред голот на Ортега кога Варан и Мектомин се обидоа во судиското надополнување.
Манчестер Сити сега го очекува финалето на Лигата на шампионите каде има можност да го собере третиот трофеј сезонава и да испише нови страници во историјата на англискиот фудбал.



