Скај Спорт: Гвардиола ја лови младата ѕвезда на Динамо

Според информациите од угледниот „Скај Спорт“, Динамо од Загреб наскоро би можел да ја напополни касата на клубот.
Не е тајна дека со години на „Максимир“ се произведуваат фудбалери за големи европски клубови, а еден од оние што во последно време е во фокусот на фудбалската јавност, е 18-годишниот Антонио Марин.
Младиот крилен играч е заинтересиран да игра во помладите категории, па токму затоа честопати му се дава шанса во првиот тим на Ненад Бјелица, а неговиот талент го забележаа Манчестер Сити.
Граѓаните веќе подолго време го следат „синиот скапоцен камен“, а тоа што тој неодамна го покажа во 2. коло од Лигата на млади шампиони, уште повеќе ја заинтересира скаут службата на актуелниот шампион на Англија, чии лидери се повеќе се решени да го доведат во „Етихад“.
Нема да биде лесна работа за Манчестер Сити, бидејќи тие се свесни за потенцијалот во Динамо во својот состав, па можеби ќе треба да издвојат повеќе отколку што сакаат да дадат.



