Скандал во Копа Америка: Судија им „асистираше“ на Бразилците за гол? (ВИДЕО)

Бразил синоќа ја победи Колумбија со 2-1 во мечот од 3.коло од групната фаза на Копа Америка.
Овој натпревар забележа фантастичен погодок на Колумбијците, брилијантна асистенција на Фирмино, неверојатно промашување на Нејмар, но не само тоа. Јужна Америка зуи за ситуацијата со првиот гол на Бразил.
Главниот судија заборави на правилото на ФИФА да ја прекинува играта секогаш кога судијата ќе ја допре топката, но тој остави да се игра, па Бразил израмни од таа акција, со голот на Фирмино.
ВАР просторијата не ја смени одлуката, иако играта требаше да запре за кратко, бидејќи судијата исто така учествуваше во акцијата.
Колумбијците беа бесни секако, но протестите беа залудни. Бразил на крајот славеше со 2:1, и дополнително го потврди своето место во нокаут фазата на јужноамериканскиот шампионат, што е нешто во сенка на ЕУРО.
Бразилците имаат максимум девет бода од три натпревари. Претходно ги победија Венецуела со 3:0 и Перу со 4:0. Колумбија е втора со четири бода, исто колку и Перу, додека Еквадор и Венецуела имаат по два бода.
На крајот, Бразил ќе одигра уште еден натпревар со Еквадор, кој не смее да го загуби ако сака да оди понатаму, или да се потпре на Перу за да игра против последнопласираната Венецуела.
За потсетување, четири од пет екипи од групата одат во четвртфиналето на турнирот.



