Connect with us

Фудбал

Скандалозна изјава на Албанија, обвинувајќи ја Полска за се!

Натпреварот во Тирана помеѓу Албанија и Полска беше прекинат во 78. минута поради неспортско однесување на домашните навивачи.

Откако Полска поведе со 1:0 во Тирана, разни предмети полетаа од трибините, а капитенот на гостите беше погоден со шишиња во главата додека го славеше голот.

Судијата Клермон Турпин го прекина натпреварот, но подоцна беше продолжен и заврши 1:0 во корист на гостите. Со оваа победа, Полска ја престигна Албанија и е на прагот да обезбеди бараж.

На социјалните мрежи, многумина ја повикаа ФИФА да реагира и да ја казни албанската репрезентација за големиот инцидент, но Албанскиот фудбалски сојуз ги обвини Полјаците за се во денешното соопштение.

„Имавме 22.000 одлични навивачи, а само неколку десетици луѓе ги уништија сите добри работи што ги направи тимот. Едно е јасно, немаме насилни навивачи, немавме инциденти со проблематични навивачи во нашата историја на игри и ние може да се гордееме со нив“, се вели во соопштението, кое понатаму наведува дека прекинот бил предизвикан поради провокација на гостинските навивачи.

„Полските навивачи се познати по таквото однесување и со денови луѓето вклучени во натпреварот вложија максимални напори да спречат посериозни настани“, рече предводникот на Албанската фудбалска федерација.

Во соопштението исто така се потсетува дека во исто време, полските навивачи беа на Вембли за време на натпреварот Англија-Унгарија и учествуваа во бројни судири со локалната полиција и навивачи.

„Не бегаме од нашите одговорности и должности што ги знаеме, но секогаш мора да бидеме близу до вистината, бидејќи само таа ни служи за напредок“, заклучуваат Албанците во соопштението за печатот.

ФИФА беше вклучена во целата работа и го осуди однесувањето на албанските навивачи. Албанската фудбалска федерација се соочува со казна од 100.000 до 200.000 евра и затворање на една од трибините за следните натпревари.

Реклама

Facebook

Реклама