SportM
Фудбал

Сколс: Јунајтед никогаш нема да биде шампион на Англија додека Лукаку е во нападот

Д М18 окт 2018
Сколс: Јунајтед никогаш нема да биде шампион на Англија додека Лукаку е во нападот

Манчестер Јунајтед оваа сезона не нуди најдобра игра, но се повеќе и повеќе велат дека Жозе Мурињо може да биде отпуштен на полу-сезона.

Сепак, многу навивачи на Јунајтед го поддржаа португалскиот тренер, а тоа го направиа и некои од поранешните играчи на Клубот од Олд Трафорд. Но, легендарниот играч од средниот ред Пол Скоулс изјави дека Мурињо мора да направи некои промени во тимот, а нај повеќе мислеше на Ромелу Лукаку.

Белгијецот нема постигнато гол во седум натпревари во Манчестер Јунајтед, додека во белгискиот репрезентативен тим го полни противничкиот гол. Скоулс му кажал на Мурињо дека никогаш нема да победи во Премиер лигата, додека Лукаку е во нападот.

“Не сум сигурен дека некогаш ќе ја освоиме титулата во Англија, додека имаме напаѓачи како Лукаку. Мислам дека неговата игра надвор од шеснаесетникот не е најдобра. Тој е силен и брз, но како и многу играчи на Јунајтед нема доволно самодоверба. Некогаш имавме полоши играчи од него, но тие беа напаѓачите кој му требаат на овој клуб”, вели Сколс.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.