SportM
Фудбал

Сколс жестоко ја критикува ѕвездата на Манчестер Јунајтед: „Ќе ги прави истите глупости на 35 години“

Д М3 ное 2021
Сколс жестоко ја критикува ѕвездата на Манчестер Јунајтед: „Ќе ги прави истите глупости на 35 години“

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа ремизираа на гостувањето кај Аталанта (2:2) во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ успеаја некако да избегнат пораз во Бергамо благодарение на Кристијано Роналдо кој постигна два гола.

Роналдо во 91. минута постигна гол за 2:2 и му спаси на Манчестер Јунајтед нов пораз. Некои играчи на Јунајтед беа под тешки критики за нивната игра, а најзабележителен е Пол Погба.

Погба одлично ја отвори сезоната со неколку одлични натпревари, а потоа Оле Гунар Солскјер го „пресели“ на клупата, што очигледно ја наруши формата на францускиот играч за врска.

Беше жестоко критикуван и од легендарниот Пол Сколс кој рече дека веќе не може да гледа како Погба ги прави истите грешки речиси на секој натпревар, а тоа се случува веќе неколку сезони.

„Некој треба постојано да разговара со него, некој што целосно го почитува и кој е поискусен од него. Тој е искусен играч, но и кога ќе има 35 години ќе ги прави истите глупости на теренот и тоа веќе го знаат сите. Најважно кај играчот е фокусот, а тој размислува како да залута неколку пати во текот на натпреварот“, рече Сколс, додавајќи.

“Тој беше одличен во Јувентус и затоа Јунајтед го купи. Но таму беше опкружен со играчи како Пирло, Кјелини и Буфон кои му кажуваа што да прави и како да се однесува. За жал, очигледно е дека му треба таков третман се додека тој игра.”

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.