SportM
Фудбал

Скромноста на дело, најдобриот на Светското првенство, наместо со приватен авион, лета со нискобуџетна компанија! (ВИДЕО)

Редакција14 авг 2026
Скромноста на дело, најдобриот на Светското првенство, наместо со приватен авион, лета со нискобуџетна компанија! (ВИДЕО)

Додека повеќето фудбалери денес патуваат со луксузни приватни авиони и со тоа се фалат на социјалните мрежи, еден од најдобрите играчи во светот, Родри, уште еднаш ја воодушеви јавноста со својата скромност.

Родри го заврши продолжениот одмор откако ја предводеше Шпанија до титулата светски шампион и заслужено ја доби наградата за најдобар играч на Светското првенство. Потоа се упати кон Манчестер, а начинот на кој го направи тоа го воодушеви фудбалскиот свет.


На социјалните мрежи се појави видео на кое Родри, како и секој друг „обичен“ патник, трпеливо стои во ред за качување во нискобуџетен авион.

На снимката од аеродромот јасно се гледа Родри во целосно опуштено и ненаметливо издание – во обична сива маица, бели шорцеви и со капа свртена наопаку.

Наместо ВИП-терминал и приватен лет, шпанскиот ас избрал доцен ноќен лет на авиокомпанијата Ryanair во 23:25 часот, од Мадрид до Ливерпул, аеродром кој практично е во близина на неговиот Манчестер.

Овој потег предизвика воодушевување кај навивачите, но за оние кои ја следат кариерата и приватниот живот на Родри, ова и не е преголемо изненадување. За разлика од многу свои колеги, Родри е познат како нетипичен фудбалер: нема профили на социјалните мрежи, нема тетоважи, а додека играше во Шпанија паралелно студираше и живееше во студентски дом. Дури и тогаш возеше половен Opel Corsa, кој го купил од една постара госпоѓа.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.