SportM
Фудбал

Следниот клуб на Герет Бејл би можел да биде вистинска сензација

Д М20 мај 2022
Следниот клуб на Герет Бејл би можел да биде вистинска сензација

Герет Бејл на крајот на сезоната го напушта Реал Мадрид и по осум години ќе си замине како слободен играч од Кралскиот клуб.

Велшкиот тренер Роберт даде сигнал каде Бејл би можел да ја продолжи кариерата, што би било вистинска сензација доколку се оствари.

Имено, тој смета дека е логично Бејл да потпише за Кардиф Сити, клуб кој се натпреварува во англиското првенство.

 

Искусниот Велшанец моментално е фокусиран на баражот за Светското првенство, каде Велс на 5 јуни ќе игра против подобриот од дуелот Шкотска – Украина.

После тоа Бејл ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, а една од опциите е Кардиф Сити, клуб кој доаѓа од градот во кој е роден 32-годишниот и каде живее неговото семејство.

 

„Тоа би имало смисла. Иако на крајот одлучува Герет. Во право е кога вели дека ќе посветиме целосно внимание на 5 јуни, прво на тоа, а потоа на остатокот“, рече Пејџ.

 

„Можеме да зборуваме за тоа, но секој има свое мислење. За мене е логично Бејл да дојде во Кардиф бидејќи и тој тренираше на место кое му е познато“, додаде велшкиот тренер.

 

Бејл одамна не игра сериозен фудбал во Реал, додека во репрезентацијата е фантастичен и сигурно ќе направи се за да избори пласман на Светското првенство во Катар.

 

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.