СМС: Играм подобро во Лацио отколку во репрезентацијата? Погрешно се разбира мојата улога…
Д М14 сеп 2018

Сергеј Милинковиќ-Савиќ наиде на многу критики по скромната игра на Светското првенство во Русија, во дресот на Србија, иако тој претходно одигра одлична сезона во Лацио.
Сега на одреден начин му одговори на критичарите. СМС смета дека не е точно дека игра подобро во Лацио, отколку во дресот на Србија, туку луѓето не ја разбираат својата неговата улога на теренот.
“Погрешно се разбира мојата улога во тимот. Точно е дека постигнувам голови во Лацио, но и таму мојата одговорност не е да ја затресат мрежа. Ја користам можноста кога ќе ми се укаже, но тоа не се очекува секогаш од мене”, изјави популарниот СМС за Žurnal.rs, па додаде:
“Немам многу одигри натпревари за Србија, секој натпревар многу ми значи, се обидувам да бидам подобар секој пат.”
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



