Connect with us

Фудбал

Со Аргентина го брка четвртфиналето: Големиот јубилеј на Лионел Меси

Аргентина во осминафиналето на Светското првенство игра против Австралија , а капитенот и прва ѕвезда на „гаучосите“ Лионел Меси (Меси) го игра својот 1.000 натпревар во кариерата.

 

Според многумина, најдобриот на сите времиња кариерата ја започнал во аргентинскиот Росарио, а уште како мал пристигнал во Барселона, со која освоил се што можел да освои, а потоа се преселил во ПСЖ.

 

Има освоено четири ЛШ, го има и трофејот во Копа Америка со Аргентина, добитник е и на седум Златни топки, уште му недостасува само трофејот светски првак.

Во досегашната кариера има постигнато 788 голови и забележано дури 338 асистенции. За Аргентина има 169 настапи и 93 гола, а што се однесува до Светското првенство постигна осум гола.