„Со Чави, Барса би добила уникатен напаѓачки фудбал“

Кризата се вткаи во сите пори на фудбалскиот гигант Барселона – клубот од стадионот „Камп Ноу“ има финансиски, резултатски, но и кадровски проблеми. Се почесто се зборува дека селекторот Роналд Куман би можел да добие отказ, а многу Каталонци би сакале како негова замена да ја видат играчката легенда на клубот Чави Ернандез.
Еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на фудбалот моментално работи како тренер во катарскиот Ал Сад, а еден од играчите во неговиот клуб е поранешниот репрезентативен колега на Чави, Санти Казорла .
„Чави сака игра базирана на посед на топка, кружење и игра на позиција. Чиста школа на Барселона – брани со топка во нозете. Мислам дека го разбира начинот на кој Барса треба да игра и го применува тоа на дело. Тоа не е уникатен стил, но кога го имате Чави, тогаш сè е уникатно“, изјави Санти Касорла , кој е член на катарскиот клуб од 2020 година.
„Тој секогаш ја имаше таа фудбалска филозофија, се сеќавам на тоа кога бевме соиграчи во шпанската репрезентација. Беше многу јасно“, изјави Касорла, легендата на Виљареал и поранешен играч на Рекреативо, Малага и Арсенал.
Чави Ернандез (41) на клупата на овој азиски тим е од 2019 година.



