SportM
Фудбал

„Со години се обидуваме да го доведеме и се надевам дека ова лето тој ќе биде играч на Реал Мадрид“

Д М28 мај 2019
„Со години се обидуваме да го доведеме и се надевам дека ова лето тој ќе биде играч на Реал Мадрид“

Азар веќе некое време е цел на кралскиот клуб и според се, ова лето, ќе му се оствари сонот да игра во дресот на Реал Мадрид.

Англиските медиуми веќе објави неодамна дека се договорени, а само се чека утрешното финале на Лига Европа во која ќе играат Арсенал и Челзи, па ќе биде официјално објавено дека Азар заминува од Челзи.

Дека Реал е доста заинтересиран за Белгијанецот покажа и претседателот на клубот Флорентино Перез, кој во шпанските медиуми призна дека Азар ќе биде главна цел во летниот трансфер период.

„Јас сум многу заинтересирани тој да дојде во Реал Мадрид и се надевам дека тоа ќе се случи оваа година. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Ние се обидуваме со години Азар да стане играч на Реал Мадрид и се надевам дека ќе успееме“, рече е Перез.

Се очекува трансферот на Азар да биде објавен по финалето на Лига Европа, а Челзи треба да заработи околу 150 милиони евра од неговата продажба.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.