SportM
Фудбал

Со новиот потег, Нејмар засекогаш ја затвори вратата за неговото враќање во Барселона

Д М29 фев 2020
Со новиот потег, Нејмар засекогаш ја затвори вратата за неговото враќање во Барселона

Бразилскиот фудбалер Нејмар летово беше на работ да се врати во Барселона, но на крајот ПСЖ се откажа од продажбата.

Нејмар се најде во центарот на вниманието во летото 2017 година, кога ја напушти Барселона и замина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но потоа жалеше што го напушти каталонскиот клуб.

Бразилецот сакаше да се врати во Барса ова лето, но ПСЖ не му дозволи. Иако Нејмар не се разедли со Барселона во најдобри околности, очигледно е дека сфатил дека направил грешка со заминувањето во францускиот клуб.

За да ги влоши работите по напуштањето на Барса, тој го тужеше каталонскиот клуб за неплатен бонус за „лојалност“ од шест милиони евра. Овој случај двапати беше на суд, но двата пати судот донесе пресуда во корист на Барселона.

Се чинеше дека конечно е зад нив и Нејмар сакаше да се врати во Барселона на крајот од оваа сезона, но сега е тешко да се очекува дека тоа ќе се случи. „Мундо Депортиво“ пишува дека ја уништил шансата да се врати бидејќи повторно го тужел клубот и бара шест милиони евра кои му се должни.

Барселона одби да ги плати овие пари откако Нејмар го напушти клубот само неколку дена по активирањето на клаузулата за лојалност.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.