Соблекувалната на Барселона проговори за прашањето на Нејмар

Враќањето на Нејмар на Камп Ноу не е исклучено, и покрај последните информации кои укажуваат дека тој ќе потпише нов договор со ПСЖ.
Нејмар, наводно, се согласил на нов договор со парижаните до летото 2026 година, според кој би заработувал 36 милиони евра по сезона, па веќе е тешко да се очекува да се врати во Барселона.
Мундо Депортиво тврди дека соблекувалната на Барселона, предводена од Лионел Меси, едногласно го прифатила предлогот за можно доаѓање на Нејмар и дека скоро сите во тимот сакаат да се врати Бразилецот, убедени дека неговиот квалитет ќе му помогне на клубот да ја освои Лигата на шампионите.
Постарите играчи, односно оние кои веќе имаа можност да играат со Бразилецот во дресот на Барселона, се особено за враќањето на Нејмар.
Сега се смета дека Нејмар може да замине во Барселона само доколку ПСЖ се реши да донесе некоја од каталонските ѕвезди како Антоан Гризман, така што клубовите ќе направат некаква размена.
Едно е сигурно, враќањето на Нејмар дефинитивно ќе и донесе многу на Барселона која имаше очајна сезона, но сепак се бори за титулата во Шпанија.
29-годишниот напаѓач играше во Барселона од 2013 до 2017 година и со клубот освои две шампионски титули, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, Светското клупско првенство, Суперкупот на Шпанија и во три наврати Копа дел Реј .
Што се однесува до ПСЖ, тој веќе освои три титули во Лига 1, два Купа, два Лига купа и минатата година играше во финалето на Лигата на шампионите.



