SportM
Фудбал

Соиграчот на Роналдо од Јунајтед: Меси е подобар од Кристијано!

Д М15 мар 2023
Соиграчот на Роналдо од Јунајтед: Меси е подобар од Кристијано!

Фото: MANCHESTER, UNITED KINGDOM – JANUARY 31: Cristiano Ronaldo of Manchester United celebrates with team mate Kieran Richardson (R) after scoring the opening goal during the Barclays Premiership match between Manchester United and Watford at Old Trafford on January 31, 2007 in Manchester, England. (Photo by Richard Heathcote/Getty Images)

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Киран Ричардсон, смета дека Лионел Меси е најдобриот играч во историјата на фудбалот, иако со Кристијано Роналдо играше од 2003 до 2007 година.

„Двајцата се меѓу најдобрите играчи некогаш видени. Ако треба да изберам подобар, тоа би требало да биде Лионел Меси, и покрај тоа што го сакам Кристијано – игравме заедно и добро се познаваме“, изјави Ричардсон и додаде:

„За нив ќе се зборува засекогаш, дури и кога веќе не се меѓу живите. За Лео е голема работа што го освои Светското првенство во Катар со Аргентина – луѓето постојано велеа дека му недостасува тој трофеј за несомнено да биде најдобриот во историјата на фудбалот“.

Ричардсон професионалната кариера ја започна на Олд Трафорд, а играше и за Вест Бром, Сандерленд, Фулам, Астон Вила и Кардиф. Најчесто играше како лево крило или лев бек, но во подоцнежните играчки денови се пресели во централниот дел од средниот ред. Во кариерата одигра 336 натпревари и забележа 35 голови и 24 асистенции.

Тој најави пензионирање во 2017 година, а заедно со Роналдо освои еден трофеј во Премиер лигата и ФА Купот, како и Комјунити Шилд.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.