SportM
Фудбал

Солари: Ние сме тука за да му помогнеме на Реал

Д М22 окт 2018
Солари: Ние сме тука за да му помогнеме на Реал

Тренерот на младинскиот тим на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, најави дека е подготвен да го предводи главниот тим доколку за тоа одлучи раководството на „кралскиот клуб.

Претходно во шпанските медиуми беше објавено дека тренерот на Реал, Хулен Лопетеги може да биде разрешен.

„Ние сме професионалци и работиме за Реал Мадрид. Овде сме за да му помогнеме на клубот. И тоа мора да го направиме не само во добрите времиња, туку и во периоди на резултатски кризи“, изјави Солари.

Реал по девет рунди во Ла Лига е на 7. Место со биланс четири победи, две нерешени средби и дури три порази.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.