SportM
Фудбал

Солскјер го напушти Манчестер, играчите збунети

Д М10 ное 2021
Солскјер го напушти Манчестер, играчите збунети

Менаџерот на Манчестер Јунајтед реши да направи привремена пауза, па отпатува за Норвешка.

Следеше репрезентативна пауза и тренерот на англискиот великан реши истото да го помине во родната Норвешка, за да се одмори од многу труд.

Интересно, тој не остана со остатокот од тимот во Манчестер кој ќе продолжи да тренира.

 

Сослскјер планира да помине една недела во Норвешка со семејството и пријателите, а Дејли Мејл истакнува дека некои играчи се збунети и изненадени од таквата одлука.

 

Солскјер трпи жестоки критики по лошите резултати и се верува дека е само прашање на време кога ќе добие отказ, иако раководството на клубот упорно му нуди безрезервна поддршка.

 

Манчестер Јунајтед летово донесе големи засилувања, но е далеку од самиот врв и моментално е само шести на табелата во Премиер лигата, а многу проблеми има и во групната фаза од Лигата на шампионите.

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.