Солскјер: Засилувања? Не сакам да шпекулирам
Д М18 сеп 2020

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не сакаше да зборува за можни засилувања на тимот.
Дони Ван де Бек од Ајакс пристигна на „Олд Трафорд“ ова лето. Иако со месеци се зборуваше дека Санчо може да биде меѓу „црвените ѓаволи“, тоа не се случи.
“Воодушевени сме што Дони е тука. Тој е одличен играч и добро момче, тој ќе придонесе за нашата игра” , рече Солскјер.
“Не можам да зборувам за играчите на други клубови, нема да шпекулирам. Јасно ни е дека треба да се развиваме и напредуваме како тим, но мора да видиме дали можеме да донесеме некој друг. Зборувам со претставниците на клубот, но ништо не е сигурно”. .
Начинот на кој Јунајтед прави деловни активности во преодниот рок беше јавно критикуван од легендарниот Рио Фердинанд.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



