Сoн е сместен во карантин во Лондон откако се вратил од војска

Хјунг Мин Сон конечно успешно ја заврши својата воена служба во Јужна Кореја и се врати во Лондон овој викенд за да ја продолжи кариерата како фудбалер.
27-годишниот, кој добил наредба да изврши задолжителна воена служба во својата земја, успешно служел 3 недели во морнарицата на Јужна Кореја.
Воената служба на Сон траеше многу малку затоа што во 2018 година го освои златниот медал со Јужна Кореја на азиските игри и воената служба за посебни заслуги беше намалена од 21 месец на 3 недели.
Самиот играч на Тотенхем штотуку се врати од војска и нема да треба да го заврши карантинскиот период, само ако се испостави дека е позитивен за коронавирусот.
Тој ќе започне веднаш со индивидуалниот тренинг овој понеделник, се додека британската држава не го направи првиот чекор кон повторно отворање на фудбалот.



