SportM
Фудбал

Сопругата на Мората откри што стои зад мистериозната прослава на голови

Д М21 окт 2020
Сопругата на Мората откри што стои зад мистериозната прослава на голови

Алваро Мората е сосема поинаков играч во дресот на Јувентус отколку што е случај со другите клубови, како што покажа почетокот на неговиот втор мандат во торинскиот клуб.

Мората досега постигна три гола, а во победата над Динамо Киев во Лигата на шампионите беше двоен стрелец.

Шпанецот привлече внимание поради прославата на головите затоа што ги постави прстите на начин да изгледаат како ланец, па толку многу се прашуваа за што се работи.

Ланецот го претставува нивното семејство затоа што Мората, во меѓувреме, се оженил и имал три деца со неговата сопруга Алис Кампело.

Инаку, Мората по трет пат стана татко, пред неколку недели, токму во деновите кога повторно стана фудбалер на Јувентус.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.