SportM
Фудбал

Сопственикот на ПСЖ им дава 500 милиони долари на клубовите од англиската Премиер лига!

Д М18 дек 2020
Сопственикот на ПСЖ им дава 500 милиони долари на клубовите од англиската Премиер лига!

Фудбалерите на англиската Премиер лига ќе добијат дополнителна финансиска помош, која многу добро ќе им се најде за време на пандемијата на коронавирусот и големата криза во светот.

Катарскиот beIN Sports договори тригодишен договор со Премиер лигата за купување на ТВ права за прволигашите англиски фудбалски натпревари, а на клубовите ќе им бидат доделени 500 милиони долари во следните три сезони.

Сопственик на катарската телевизија е Насер Ал-Келаифи, кој е и сопственик на ПСЖ. Инаку, натпреварите во Премиер лигата ќе можат да се следат во 24 земји и 380 натпревари ќе бидат пренесувани во следните три сезони.

 „Задоволни сме што постигнавме голема зделка со компанијата, која е важен партнер за нас“, изјави првиот човек на Премиер лигата, кој не ја откри точната вредност на договорот, иако англиските медиуми објавија дека станува збор за половина милијарда долари.

Задоволството не го криеше ниту Ал-Келаифи, кој рече дека со овој договор Премиер лигата има јасен став кон крадците, алудирајќи на случајот од пред две години кога телевизијата од Саудиска Арабија нелегално пренесуваше натпревари од Премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.