SportM
Фудбал

Сопствениците на Јунајтед не се премислуваат: Солскјер сè уште има поддршка

Д М8 окт 2019
Сопствениците на Јунајтед не се премислуваат: Солскјер сè уште има поддршка

Со поразот од 1:0 од Њукасл Манчестер Јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата во последните 30 години.

Екипата од „Олд Трафорд“ има само девет бода по осум одиграни кола и се наоѓа на 12. место на табелата, со 15 бода заостанување зад водечкиот Ливерпул.

Јунајтед се мачи оваа сезона и тоа е очигледно, со тоа што Солскјер не ја надје добитната комбинација не оствари врзани победи.

Поради сето ова, Норвежанецот ја загуби довербата кај навивачите на Јунајтед кои се во висок процент за неговото заминување, но се чини дека засега нема да замине.

Поточно, англиските медиуми објавија дека извор од „Олд Трафорд“ соопшти дека Солскјер ќе продолжи да го води Јунајтед, со оглед на поддршката на семејството Глајзер и потпретседателот Ед Вудвард.

Исто така се наведува дека ставот на Солскјаер не е загрозен бидејќи клубот сè уште верува во неговата долгогодишна програма.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.