SportM
Фудбал

Спалети се заканува: „Ако го продадете, истата секунда ќе си дадам оставка“

Д М19 јун 2022
Спалети се заканува: „Ако го продадете, истата секунда ќе си дадам оставка“

Иако обично се вели дека ниту еден играч не е поголем од клубот, тренерот на Наполи, Лучијано Спалети има поинакво мислење.

Многуте ѕвезди на Наполи добиваат понуди од големи тимови и претседателот Де Лаурентис е во искушение да ги продаде. Моментално во фокусот се напаѓачот Виктор Осимхен и стоперот Калиду Кулибали кои Барселона ги посакува.

Кулибали има уште една година договор со Наполи, но се уште не е разговарано за неговото продолжување, што значи дека играчот би можел да си замине бесплатно на крајот од сезоната, а Сенегалецот исто така има желба да си замине ова лето и се надева дека претседателот на крајот ќе продаде.

Сепак, Спалети е против продажбата на своите најдобри играчи, а како што објави „Кориере дело Спорт“, италијанскиот тренер е подготвен да поднесе оставка „иста секунда“ доколку управата го подготви за тоа разочарување и го продаде Кулибали. Наводно со овие зборови им поставил ултиматум на челниците на клубот.

Според пишувањата на медиумите, Кулибали е столб на одбраната на Наполи, а Спалети сака да се бори со овој тим за Скудетото следната сезона и сака по секоја цена да ги задржи најдобрите играчи.

Сенегалецот е еден од најискусните играчи на овој тим. Тој дојде во Неапол во 2014 година од белгискиот Генк и има над 300 настапи за наполитанците.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.