SportM
Фудбал

Спектакл на „Бернабеу“, а не е натпревар: Еве како беше кога Еден Азар излезе на теренот!

Д М13 јун 2019
Спектакл на „Бернабеу“, а не е натпревар: Еве како беше кога Еден Азар излезе на теренот!

Еден Азар беше официјално претставен како нов играч на Реал Мадрид.

Белгиецот денеска ги помина медицински прегледи, им се обрати на новинарите на прес-конференција и излезе на „Сантијаго Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид.

На овој начин, белгискиот играч се претстави на навивачите на неговиот нов клуб, кои едвај чекаа да го видат во бел дрес.

За презентацијата на Азар денес имаше голем интерес во Мадрид, па така белгискиот играч излезе пред полни трибини на „Бернабеу“.

Инаку, Азар пристигна во Реал Мадрид од Челзи во трансфер кој може во крајна линија да чини до 150 милиони евра.

Азар потпиша петгодишен договор со кралевите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.