SportM
Фудбал

Срам за Њукасл во Лондон

Д М3 апр 2022
Срам за Њукасл во Лондон

Тотенхем го совлада Њукасл со 5:1 во дуелот од 31. коло на Премиер лигата.

Спарс одиграа спектакуларен натпревар и на крајот сосема заслужено го добија овој натпревар против гостите кои во последно време повторно играат доста слабо.

Сепак, страчките први поведоа на овој меч. Фабијан Шар погоди за 1:0 во 39. минута, но радоста на гостите траеше многу кратко.

Четири минути подоцна Спарс израмнија. Бен Дејвис погоди за 1:1, што беше резултат по првото полувреме.

Продолжението од мечот во Лондон му носи целосна доминација на Тотенхем, кој целосно го разби противникот.

Мет Доерти погоди за 2-1 во 48. минута по одличната асистенција на Кејн, а шест минути подоцна Сон зголеми на 3-1.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 63. минута кога Емерсон Ројал го постигна четвртиот гол за домашната екипа за предност од 4:1.

Точка на овој меч за конечни 5:1 стави Стивен Бергвијн во 83. минута, само две минути откако влезе во игра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.