Србија го повика Венгер за селектор
Д М2 дек 2020

Фудбалскиот сојуз на Србија му ја понуди позицијата селектор на националниот тим на легендарниот француски стручњак Арсен Венгер.
Според српските медиуми, претседателот на ФСС, Славиша Кокеза, контактирал со 72-годишниот Венгер и му понудил позиција на тренер, но Французинот одбил.
Венгер изјави дека не го интересира работата на српскиот тренер. Тој се заблагодари за поканата, па Србија ќе мора да бара нов селектор.
И, наводно, нема да заштеди пари за ангажирање на познато име. Планирано е орлите да добијат нов тренер до 15 декември.
Да потсетиме, во претходниот период Србија од клупата ја водеше jубиша Тумбаковиќ.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



