SportM
Фудбал

Сред емисија се радуваа на голот на Интер, па добија отказ (ВИДЕО)

E R4 ное 2025
Сред емисија се радуваа на голот на Интер, па добија отказ (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Викендот што измина Интер славеше со 2:1 на гостувањето кај Верона. Победничкиот гол го постигнаа во судиското продолжение, кој практично беше автогол. Но, една интересна сцена од Скај Спорт стана хит на социјалните мрежи. Имено, двајца вработени во оваа телевизија, во техничкиот дел, заработија отказ откако среде емисија во живо скокаа и викаа радувајќи се на голот на Интер. Сето тоа се виде на екраните, дури и водителот се насмевна и реагираше. Следниот ден директорот им врачи отказ на двајцата техничари, поради нивниот непрофесионализам.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.