Connect with us

Фудбал

Српските фудбалери имаат големо срце: Знаете ли каде завршија милионите евра на Вучиќ?

Според медиумите во Србија, ваквата одлука со играчите едногласно ја донел селекторот на таа репрезентација Драган Стојковиќ Пикси.

Србија вчера во Лисабон ја победи Португалија со 1-0 со доцниот гол на Александар Митровиќ, па директно се пласираше на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Играчите на Србија се големи херои на нацијата, но и на регионот и предизвикаа голема почит низ светот. Претседателот Александар Вучиќ пред натпреварот им вети бонус од милион евра доколку победат.

Сепак, српските фудбалери во договор со Пикси одлучија парите да бидат наменети за лекување на болни деца.

Овој подвиг е достоен за сите пофалби, а српската репрезентација докажа дека парите се најмалку важни кога играш за својата нација.

Заслужено победија и сигурно е дека имаат што да понудат на Светското првенство во Катар кое ќе се игра во ноември следната година.

Реклама

Facebook

Реклама