SportM
Фудбал

Старт на новата сезона во македонскиот прволигашки фудбал

Д М6 авг 2022
Старт на новата сезона во македонскиот прволигашки фудбал

Со натпреварот меѓу Струга и повратникот во прволигашката конкуренција Победа од Прилеп денеска почнува новата сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Утре на програмата се дуелите меѓу СилексРаботнички и Академија ПандевБрегалница Штип, додека прволигашките дуели на Шкупи, против Тиквеш, и Шкендија против Скопје, се одложени поради нивните настапи во европските купови.

Новата прволигашка сезона ќе се игра со 11 екипи, една помалку поради откажувањето од финансиски причини на Ренова.

Слободна во првото коло е Македонија Ѓорче Петров.

Титулата ја брани Шкупи, додека нови прволигаши се Победа и Силекс.

Новата сезона во Втората фудбалска лига, пак, ќе стартува на 13 август.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.