Connect with us

Фудбал

Стерлинг би можел да заврши во Арсенал!

Англискиот напаѓач е отворен да се приклучи на лондонскиот тим доколку патеката на Барселона не му успее

Рахим Стерлинг ќе го напушти Манчестер Сити.

Англискиот напаѓач е во потрага по нов клуб.

А, „TransferMarketWeb“ пренесува дека англискиот репрезентативец ги отворил вратите за трансфер и на Арсенал.

Така, доколку реши да остане во Премиер лигата, поранешниот фудбалер на Ливерпул би можел да заврши на „Емирати стадионот“.

Во меѓувреме, интерес за опасниот напаѓач веќе некое време покажува и Барселона.

На Стерлинг не му одговара моменталната ситуација на „Етихад стадионот“ и се очекува да си замине.

Не е исклучена можноста веќе во јануари да ги спакува куферите и да го напушти актуелниот англиски шампион.

Реклама

Facebook

Реклама