SportM
Фудбал

Стерлинг има само 27 години, а сите се изненадени кога слушаат колку деца има

Д М23 мај 2022
Стерлинг има само 27 години, а сите се изненадени кога слушаат колку деца има

Рахим Стерлинг вчера со Манчестер Сити успеа да ја освои новата англиска титула.

Стерлинг не играше многу оваа сезона, поради што се шпекулира дека летово по седум години минати во овој клуб би можел да го напушти „Етихад“.

Сезонава настапи на 47 натпревари, но најмногу влегуваше од клупата и Пеп Гвардиола им даде шанса на другите играчи пред овој брзоноги офанзивец.

 

Стерлинг беше поврзуван со трансфер во Арсенал, а интерес за него наводно покажал и Челзи. Тој сигурно не сака да биде резерва во Сити и ќе биде интересно да се види дали навистина ќе го напушти Етихад.

 

Овој фудбалер вчера беше во центарот на вниманието кога на својот Твитер објави фотографија од прославата на титулата.

 

Многумина беа изненадени кога дознаа дека Стерлинг веќе има три деца и има само 27 години. Првото дете го добил кога имал само 18 години со тогашната девојка Мелиса Кларк.

 

Стерлинг е во врска со Пејџ Милијан која го роди нивниот син Тиаго во 2017 година, а пред две години го роди синот Тај-Круз.

 

Неговата ќерка веќе има девет години, додека Тиаго пет години. Тај-Круз е најмладиот со две години.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.