Стерлинг конечно одлучи, наскоро ќе потпише нов договор

Веќе некое време, се шпекулираа за иднината на Рахим Стерлинг. Главното прашање е: Дали Англичанецот ќе остане во Сити и ќе го продолжи договорот или ќе одбие да ја продолжи соработката, за да може да направи трансфер во блиска иднина?
Стерлинг, по одреден временски период, изгледа одлучи да потпише нов договор со актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити. Барем ова е напишано од англиските медиуми.
Очигледно Стерлинг се согласи на условите на новиот договор, што се нуди од страна на клубот, а кога истиот ќе се потпише, во Сити ќе остане до 2023 година.
Сепак, иако наводно, постигнал договор со лидерите на Сити, тој допрва треба официјално да потпише нов петгодишен договор со “граѓаните”.
Стерлинг пристигна во Манчестер Сити во 2015 година од Ливерпул за околу 49 милиони фунти, а неговиот сегашен договор со “Граѓаните” важи околу една и пол година.
Стерлинг минатат сезона одигра одлично во дресот на Сити со кој стигна до титулата во шампионатот на Англија и успеа да постигне 23 гола во сите натпреварувања.



