Фудбал
Столе Димитриевски прими пет голови од Барселона (ВИДЕО)

Барселона со убедливи 5:0 ја совлада Валенсија во Купот на Кралот како гостин. На голот на Валенсија беше и нашиот Столе Димитриевски. За само 30 минути игра во првиот дел Барса постигна четири голови. Хет-трик на Феран Торес, а еден постигна Лопез. Во 59-тата минута Јамал постигна гол за конечни 0:5. За потсетување на 26-ти јануари во рамките од шпанската Ла Лига, Барселона ја совлада Валенсија со 7:1.