Connect with us

Фудбал

Столе се договорил со Валенсија уште во јануари!

Валенсија потпиша договор со Столе Димитриевски. Македонецот беше фаворит за голот, објави „Релево“.  Всушност, овој медиум откри дека двете страни се договориле уште во месец јануари, но за официјализација чекале детали што ќе се случи со досегашниот голман на Валенсија, Мамардашвили… Според последните информации Мамардашвили ќе се пресели во Њукасл. Наводно Столе имал финансиски далеку подобри понуди од Саудиска Арабија, но ја чекал Валенсија, бидејќи сакал да остане во Шпанија.

Се очекува Димитриевски да биде прв голман на Валенсија за следната сезона.  Димитриевски потпишал перманентен договор до 2026-та година, со можност за автоматско продолжување на уште две, односно до 2028-ма година, доколку се исполнат одредени услови од договорот.