Стоп за Ливерпул и Реал, Бенфика не се откажува од 120.000.000 за новото аргентинско чудо!

Енцо Фернандез е едно од најголемите откритија на неодамна завршеното Светско првенство во Катар, па сега Бенфика задоволно трие раце бидејќи со продажбата на Аргентинецот ќе заработи многу.
Некако уште од првите моменти Ливерпул се споменуваше како прв фаворит за потпис со најдобриот играч на Мундијалот, но сега доаѓаат поинакви информации.
Новинарот Педро Сепулведа објави дека Бенфика се уште не се договорила за трансфер на Фернандез во ниту еден клуб, вклучувајќи го и Ливерпул.
Португалскиот клуб нема намера да го продаде играчот од средниот ред во јануари, освен ако клубот не ги собере сите 120.000.000 евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.
Наводно во ред за потписот на Фернандез стои и Реал Мадрид, па гореспоменатата бројка веќе не изгледа толку нереална како кога Бенфика пред шест години и плати на Ривера бедни 18.000.000 евра за него.



