SportM
Фудбал

Стоперите на Ливерпул се дефинитивно проколнати

Д М18 ное 2020
Стоперите на Ливерпул се дефинитивно проколнати

Во Ливерпул, се редат проблем по проблем. Нешто дефинитивно се случува чудно со дефанзивните играчи во редовите на англискиот шампион.

После Вирџил ван Дајк и Џо Гомез, се повреди уште еден стопер.

Младиот репрезентативец на Англија, Рис Вилијамс, се здоби со повреда на колкот и го напушти тренингот за обука на младиот тим на Англија.

„Тоа е полесна повреда и беше во најдобар интерес на сите да го вратат во клубот“, изјави селекторот на младата репрезентација на Англија.

Рис Вилијамс потекнува од Ливерпул, а минатата сезона беше на позајмица во пониска лига.

Значи, се чини дека Јирген Клоп ќе мора да бара нова алтернатива во одбраната, за да биде подобро подготвен за претстојните пресметки што го очекуваат неговиот тим.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.