SportM
Фудбал

Страшни сцени во Ница: Тешка пресметка меѓу навивачи, еден тешко повреден при пад од трибина (ВИДЕО)

Д М8 сеп 2022
Страшни сцени во Ница: Тешка пресметка меѓу навивачи, еден тешко повреден при пад од трибина (ВИДЕО)

Страшни сцени се случуваат денеска на стадионот Алијанц Ривиера во Ница.

Пред средбата од Конференциската лига помеѓу домашната Ница и германскиот Келн дошло до жестока пресметка меѓу навивачите на трибините.

Навивачите почнаа да се караат штом се видоа на трибините. Беа запалени факели, почнаа да пукаат еден кон друг, обидувајќи се да стигнат еден до друг.

Во тоа успеаја. Дошло до физички конфликт во кој никој не бил поштеден и се уште се чекаат информации за бројот на повредени лица.

RMC Sport наведува дека еден од гостинските навивачи од Германија е тешко повреден, но не во пресметката.

Тој од засега непознати причини падна од трибините, а се уште не се знае точната здравствена состојба.

За време на конфликтот реагирала и полицијата. Тие мораа да употребат солзавец за да ги смират навивачите и според некои информации натпреварот на Алијанц ривиера најверојатно ќе биде откажан.

Навивачите на Келн направија хаос на улиците денеска во Ница. Оставија „тони“ ѓубре, што предизвика реакција на градоначалникот на овој француски град.

„Го осудувам скандалозното однесување на навивачите на Келн. Тие покажаа недостаток на почит кон градот кој великодушно ги угости. Ќе ги испратиме сметките на клубот за чистење и за штетата што ја направија“, изјави Кристијан Естроси.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.